Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Хаити и остави голем раздор зад себе. Бројот на жртвите сѐ уште не е познат, но се претпоставува дека тие ќе биде измерен во илјадници луѓе, додека преживеаните сега се соочуваат со нов проблем – водата веќе навлезе во градовите, додека опасноста од цунами демне.
Епицентарот на земјотресот бил осум километри од градот Пети Труд Нип, на длабочина од 10 километри. Премиерот на Хаити, Ариел Анри, потврди дека има жртви, но не може да го прецизира бројот.
First pics from major earthquake this morning in #Haiti are emerging. Jeremie, Les Cayes, Saint Louis du Sud but also Les Anglais have been affected #earthquake pic.twitter.com/lc3USDyr4o
— paulwidler (@paulwidler20) August 14, 2021
Покрај човечките жртви, причинета е огромна материјална штета, додека болниците се полни со луѓе на кои им е потребна помош. Премиерот Анри најави дека владата ќе ги мобилизира сите можни ресурси за да им помогне на загрозените и ги повика сите жители на Хаити да се обединат во овој драматичен и тежок момент.
Очевидци на земјотресот споделија страшни снимки на социјалните мрежи, прикажувајќи ги урнатините и луѓето кои се обидуваат да најдат засолниште во паника. Меѓу многуте урнатини е црквата во која се одржувала редовната саботна миса.
Breaking: Multiple hospitals are overwhelmed with patients following magnitude 7.2 earthquake in Haiti. (Via Le Nouvelliste) pic.twitter.com/f8JFjQJR0r
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) August 14, 2021
Жителите на оваа сиромашна земја сѐ уште не успеале да излезат од урнатините што ги остави земјотресот, кога порој вода го зафати градот. Иако експертите предупредија на можноста за поплави, никој не очекуваше дека нов проблем ќе се појави толку брзо.
Граѓаните се во паника бидејќи водата продолжува да продира, а веќе е издадено предупредување – сега на Хаити му се заканува цунами.
Haiti earthquake 🔵 Moment when two people rescued alive from the rubblepic.twitter.com/BH2Suohwpq
— 🔶 news alert 🇭🇹 Special Haiti earthquake (@igandean) August 14, 2021