Бенкси потврди дека е тајниот уметник зад парчиња улична уметност што се појавија во Сафолк и Норфолк во Англија

од desk4
5,K прегледи

 

Голем интерес кај јавноста за да ја видат уметноста што започна да се појавува пред една недела во Источна Англија. Шпекулациите се  дека Бенкси стои зад нив. Но, уметникот ниту ги потврди ниту  ги демантираше ваквите информации, се додека во еден момент  тој не ја презеде одговорноста и на  својата  страница на Инстаграм не го објави видеото на кое се гледа како работи на парчињата – наречени „Great British Spraycation“.

Меѓу уметничките дела е стаорец што седи на лежалка со мартини под чадор во Lowestoft, и друго во паркот Николас Еверит, на кое се гледаат три деца како стојат во чамец. Се чини дека едното дете гледа напред кон морето, друго позади преку рамото, а третото на задниот дел од чамецот се наведнува настрана држејќи кофа.
Пишувајќи над уметничкото дело вели: „Сите сме во ист брод“. Бродот е изграден од старо железо, но оттогаш е отстранет.

Слични содржини