Шилегов за кандидатурата на Петровска: Ќе биде предизвик да се слушнат нејзините размислувања

од Берта Китинска
173 прегледи

Во демократска држава како што е нашата, правото да се бира и да се биде биран е неприкосновено право на секој граѓанин, она што го знам имајќи предвид дека позициите кои што ги има Ана Петровска во Министерството за животна средина и во Државниот инспекторат за животна средина, таа беше презадоволна од работата, изјави градоначалникот Петре Шилегов, по информацијата дека поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „Зелен хуман град” на претстојните локални избори.

-Од позициите што Ана Петровска ги имаше во Министерството за животна средина и државниот инспекторат, беше презадоволна од работата и функционирањето како на градот така и на Инспекторатот за животна средина, ќе биде предизвик да се чујат нејзините размислења, бидејќи доколу имала приговор зошто тој приговор не го истакнала во фазата кога имавме многу добра соработувавме, ќе потсетам дека за поморот на Вардар и загадувањето од страна на Железара, градскиот, а не државниот инспекторат излезе, исто и за медицинскиот отпад, борбата со Дрисла ја добивме ние не ја доби државниот инспекторат, така да ќе биде предизвик да во кампањата ги размениме милењата токму од оваа позиција, заклучи Шилегов.

Слични содржини