И денеска има околу 1.000 новозаразени со коронавирус

од Vladimir Zorba
184 прегледи

И денеска има околу 1.000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19, изјави по свеченоста по повод Денот на Армијата Министерот за здравство, Венко Филипче. Истакна дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат, без оглед на начинот на кој се лекувани.

За организација на сите настани и на отворено и на затворено, посочи, потребно е да се приложи сертификат за примена најмалку една вакцина или доказ дека болеста е прележана за што има временски период од 45 дена без разлика дали во објектот има под 30 или над 30 посетители.

Потенцира дека единствено ако во угостителскиот објект или на настанот има над 30 луѓе, треба да се организира редарската служба.

– Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани. Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600 000 многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани. Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани и во другите земји заболуваат меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој кој е вакцинира, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Слични содржини