Четврти ден по ред, пожарникарите се борат со пожар во областа Вилија во западна Атика, област каде што се наоѓа главниот град на Грција, Атина.
Повеќе од 420 пожарникари, кои имаат помош од колегите од Полска, но и помош од воздух, во моментов го гаснат пожарот, објави денеска „Катимерини“ .
Претходно, локалните власти ги евакуираа населбите Агиа Параскеви, Караули, Теу, Панорама и Титан, како мерка на претпазливост.