Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во првиот круг од изборите очекува, како што рече, убедлива победа во 30 општини и во град Скопје односно во половина од местата каде што конкурираат директно со нивниот опонент.
– Граѓаните се свесни за сите наши слабости, но и за сите наши предности и ќе направат сериозна компарација со останатите кандидати од сите други понуди.
-Целосно сум растеретен за одлуката на граѓаните, но верувам во победата и дека кормилото треба да остане кај СДСМ заради сите наши досегашни политики. Во победата верувам заради најдобрите кандидати, најшироката коалиција, најдобрите програми и зашто водиме на анкетите. Мене ми е важно да ги мотивирам, да испорачам најдобра понуда. Направивме преку 80 анкети за тоа што е најважно во секоја општина, за што нашиот наод дава предност… Големите четири партии имаме буџет од државата за истражување, за да ги најдеме најдобрите советници и градоначалници за да донесеме одлука, рече Заев вечерва во гостување во Дневникот на ТВ Сител.
Тој не гледа закана во најавеното коалирање меѓу Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека нивните поддржувачи нема да гласаат за другата партија затоа што е тоа израз на нивните политики.
-Кој како сака нека влезе во коалиција, ние сме одговорни пред граѓаните и тие не оценуваат по одулите што ги носиме. Но политиките што се етноцентристички и се контра нашето мултиетничко опшптество и зборат за чиста Македонија е првата причина за која око не ми трепнува дали некој ќе влезе во некоја коалиција. Тврдам дека поддрѓувачите на Алијанса нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ниту поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Алијанса. Не затоа што мене тоа ми се допаѓа, туку тоа е израз на нивните политики кои се радикални, рече Заев, според кого Мицкоски нема став кога од една страна во колација ја поканува Левица која, рече, е против Албанците,а од друга страна влегува во колаиција со албанска политичлка партија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека конечното решение за сите проблеми на граѓаните е пораз на власта предводена од СДСМ и ДУИ, прво на локалните избори во октомври, а потоа и формирање на ново парламентарно мнозинство.
„Единствен начин да се надминат овие сите проблеми е да се делува инванзивно, а тоа е победа на здружената опозиција и катастрофален пораз на оваа непособна власт предводена од СДСМ и ДУИ. Тоа е единствениот начин да се надминат сите проблеми на граѓаните. Доколку и понатаму ги констатираме проблемите, или ги додаваме едни на други, а истото решение го одложуваме, тоа не значи трајно решение. Затоа она што е моја порака денеска и она што сакам јас да го кажам е дека конечното решение за сите проблеми на граѓаните е пораз на локалните избори, ново владино мнозинство веднаш после поразот на власта на локалните избори“, истакна Христијан Мицкоски.