Пред трговски центар во Чаир – приведен скопјанец баран со потерница

од Берта Китинска
247 прегледи

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен скопјанец кој е баран со централна потерница поради изречена мерка притвор.

Во соопштението од МВР се наведува дека 30-годишниот А.И. е преведен вчера пред трговски центар на подрачјето на Чаир и предаден на Основното јавно обвинителство.

Тој се барал врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство во врска со чл.396 ст.2 од Законот за оружје, поради изречена мерка притвор.