Скопјанец физички нападнал контролор на ЈСП, му украл пос-терминал за контрола на билети

од Берта Китинска
308 прегледи

На 19.08.2021 во полициска станица Гази Баба полициски службеници од ЕВР Гази Баба извршиле разговор со М.К (25) од Скопје, постапувајќи по пријава од 18.08.2021, според која С.И.(33), вработен како контролор во јавно претпријатие, околу 15.30 часот бил физички нападнат од страна на машко лице, при што му бил одземен еден пос-терминал за контрола на билети, соопштија од МВР.

Во присуство на Јавен обвинител од М.К. се одземени предмети и пос-терминал, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.238 од Кривичниот законик, за „разбојничка кражба“.