Лицата кои имаат потреба, како што се планинарите, параглајдеристите и други луѓе коишто организирано се движат во природа може да побарат дозвола за движење во планините, односно во шумите од локалните подружници на ЈП „Национални шуми” коишто ги има во сите градови низ државата.
Во Скопје оваа подружница се наоѓа во општина Аеродром.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов информира дека ЈП Национален парк Галичица, исто така ја има „омекнато“ оваа забрана и дава дозволи за движење во овој национален парк.
Ангелов, исто така, соопшти дека во Јасен и на Водно забраната се уште важи поради двата активни пожари, од кои еден се провлекува веќе 15 дена и се уште не може да се изгасне. Од тие причини, како што рече, забраната за движење на Водно останува уште неколку дена.