Министерството за здравство пријави 24 починати лица во изминативе 24 часа како последица на коронавирусот.
Од нив, 6 се од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г), 5 починати лица се од Куманово (59г,60г,67г,69г и 78г), 4 починати лица од Тетово (47г,62г 67г и 68г), 3 починати лица од Кичево (64г,67г и 77г), 2 починати лица од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Од почетокот на корона-кризата починаа вкупно 5.632 лица.