Еден италијански студент на возраст од 22 години го истетовира QR-кодот на раката што докажува дека е вакциниран против „Ковид-19“.
Андреа Колонета, која живее во Реџо Калабрија, на југот на Италија, затоа ќе треба само да го засука ракавот на влезот во ресторан или кино и да ја покаже тетоважата на левата рака.
„Оригинално е, сакам да сум различен“, рече тој за весникот „Кориере дела Калабрија“, откако се појавија информации за неговите фотографии на Инстаграм и Тикток.
@gabrielepelleronereal Green pass tattoo ##tatuaggi ##tatuatori ##greenpass ##tatuatore ##tattooartist
Неговите родители, објасни тој, не биле толку воодушевени.
„Тие ме охрабрија да бидам помалку импулсивен и да размислувам малку подобро пред да дејствувам“, рече тој.
@gabrielepelleronereal Green pass tatuato, scan al Mc. ##tatuaggi ##tatuatori ##mcdonalds ##mc ##greenpass
Видеото објавено на TikTok покажува како се подготвува да влезе во Мекдоналдс и ја крева раката. Стражарот на вратата потоа го скенира QR -кодот, но снимката застанува таму, па не е познато дали навистина необичната тетоважа му дозволила да купи хамбургер.