Младо девојче од прилепско се удавило во базен во својот двор, објавија од МВР.
Според информациите, вчера околу 13.00 во ОВР Прилеп, од Итна медицинска помош било пријавено дека во базен во двор на Е.Н.(45) во с.Дебреште, прилепско, била пронајдена удавена неговата малолетна ќерка.
Смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.