Фудбалски фанатизам: Jа донел пепелта од својот починат дедо на потпишувањето со Арсенал!

од Nikola Popovski
395 прегледи

Неверојатни детали беа видени при потпишувањето на договорот помеѓу Арсенал и младиот голман Арон Рамсдејл, кој пристигна на Емирати, од редовите на Шефилд Јунајтед.

Младиот чувар на мрежата ја изненади јавноста, бидејќи пепелта на својот покоен дедо ја донесе на првата фотосесија во новиот дрес!

Потпиша договор и гордо позираше со кутиј во која се чува пепелта! Имаше и објаснување зошто го направил тоа.

Неговиот дедо билголем љубител на фудбалот, но не го дочекал раѓањето на внукот!

Починал истиот ден кога мајката на Арон дознала дека е бремена, а во спомен на него Арон и неговиот татко ја носат пепелта на бројни фудбалски натпревари и чувствуваат како да е со нив, со што на некој начин му оддаваат почит!

– Се викаше Рон и по него го добив името Арон – нашиот Рон . Татко ми ќе ја донесе пепелта и на натпреварите на Арсенал – рече Рамсдејл по потпишувањето на договорот.

Слични содржини