За четири години набавени 150 нови возила со буџетски средства од Град Скопје

од Берта Китинска
293 прегледи

Скопје има потреба за поефикасен сообраќај, за поефикасна комунална хигиена и има потреба за уредување на новото зеленило. Токму заради тоа, наши приоритети во изминатиот период, но и периодот што претстои, ќе биде подобрување на инфраструктурата и со тоа подобрување на условите за работа и подобрување на услугите кои ги даваат јавните претпријатија, изјави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов,додавајќи дека Јавните претпријатија на Град Скопје во изминатите четири години заедно имаат набавено повеќе од 130 нови возила – механизација, целосно  со буџетски средства од Град Скопје, без донации и помош

Завршена е, нагласи Шилегов, и набавката за нови комбиња во ЈСП Скопје и во ЈП Лајка, со што за еден мандат се набавени над 150 нови комунални возила.

-ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси и десет нови комбиња кои пристигнуваат за две недели. ЈП Комунална хигиена набави 51 ново возило, меѓу кои 21 ново комунално возило за собирање смет, нови автоцистерни и метларки. ЈП Водовод и канализација набави 21 возило, меѓу кои две цистерни под притисок и две за вакуум, нови две теренски возила и 11 товарни возила и градежни машини. ЈП Улици и патишта набави над 14 нови возила, ЈП Паркови и зеленило набави седум нови возила. ЈП Градски паркинг има пет нови возила „пајаци“ за подигање неправилно паркирани возила и една нова машина за чистење на снег.  ЈП Дрисла ја вративме во Скопје и финансиски ја консолидиравме, меѓутоа успеавме и да набавиме нови теренски возила. Она што е нешто најдобро во комуналните возила, е новата противпожарна скала. Прво вакво возило и опрема на територија на цела држава, меѓутоа и прво возило што градот, кажа Шилегов.

 

Слични содржини