Навивачите на Арсенал побараа од менаџерот Микел Артета да го напушти клубот.
Според островските медиуми, група навивачи на „топџиите“ го запреле возилото во кое се наоѓал Артета, по дербито со Челси (0:2).
Тие го замолија да си замине по најлошиот старт на тимот во последните 118 години.
„Артета, направи си услуга и напушти го клубот“, му рекоа додека група чувари се обидуваа да ги држат подалеку од автомобилот.
На почетокот на новата сезона во Премиер лигата, Арсенал доживеа два порази од 2:0.
Најпрво загубија на гости кај Брентфорд, а потоа дома од градскиот ривал од „Стемфорд Бриџ“.
Навивачите упатуваа свирежи за време на натпреварот, на полувреме и на крајот од играта, исто така, изразија незадоволство од настапот на Арсенал.
И некои легенди на Арсенал, како Мартин Кион, не се задоволни од почетокот и апелираат до менаџерот да ја смени формацијата.
Кион верува дека Арсенал може да излезе од резултатската криза доколку игра со пет во последната линија.
Arsenal Fans confronting Arteta after yesterday’s game pic.twitter.com/tbwsfmYljr
— Numero uno (@Jide_CB) August 23, 2021