ЦУК: Нов пожар во месноста Ветерско

од Берта Китинска
191 прегледи

Центарот за управување со кризи  (ЦУК) известува дека има дојава за пожар во месноста Ветерско, меѓу скопско и велешко. Кон пожарот се упатени територијални противпожарни единици, информира Илија Бојаровски од ЦУК.

– До утрово имаме буквално стивнување на ситуацијата, но, секако, во државата има пожари. Главниот штаб на ЦУК е во постојано во заседавање и ја следи состојбата. Во Скопско, РЦУК известува дека двете жаришта кај селото Раовиќ и Буковиќ, на 15 километри од патот за Јасен, над селото Горна Матка, во 18:40 вчера бил изгаснат пожарот од страна на вработените во ЈП Јасен, соопшти Бојаровски, кој потенцира дека поради специфичноста на теренот не се исклучува можноста од појавување на стари жаришта во зависност од правецот на ветрот.

Од Регионалниот центар за управување со кризи, РЦУК, Тетово, известуваат дека од територијалната противпожарна единица Гостивар ноќеска од 01:30 до 03:40 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева на поголема површина во општина Врапчиште.