„Летаат“ казни: 15 санкционирани возачи за затемнети стакла

од Берта Китинска
398 прегледи

Во периодот од 16.08.2021 до 22.08.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 15 возачи, информираа од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.