Шилегов: Некои наши соседи преку обидите за интервенции во нашата историја, се обидуваат да го избришат сопственото минато

од Берта Китинска
277 прегледи

Ние немаме од што да се срамиме и секогаш со гордост се сеќаваме и ќе се сеќаваме на нашата историја. За разлика од нас, некои наши соседи во своето минато често биле на погрешната страна, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021).

-Преку обидите за интервенции во нашата историја, се обидуваат да го избришат сопственото минато, при што заборавајќи дека негирањето на својот фашизам, е всушност негирање и на нивниот антифашизам, и на нивните антифашисти кои што и тоа како постоеле во нивните редови, рече Шилегов.

Слични содржини