Локализиран пожарот на планината Готен

од Берта Китинска
291 прегледи

Локализиран е пожарот во атарот на селото Владимирово, општина Берово на планината Готен, информира Илија Бојаровски од ЦУК на денешната прес-конференција.

-Во врска со пожарот на планината Готен, станува збор за крак од пожарот на планината, што беше започнат од струмичката страна, над езерото Турија. Во гаснење на пожарот учествувале шумското стопанство Малешево-Берово и подружницата на Национални шуми, Равна река од Пехчево, информира Бојаровски

Во текот на вчерашниот ден околу 14.15 часот противпожарната бригада на Скопје интервенирала во запалена куќа, штала и помошни простории во село Идризово, општина Петровец, што претставувало закана да се прошири во околината.