Актуелните ковид – мерки остануваат на сила

од Берта Китинска
326 прегледи

На сила остануваат актуелните ковид-мерки кои беа донесени минатата недела, одлучила Комисијата за заразни болести по денешниот состанок.

Министерот  вчера напомена дека актуените мерки кои се на сила, треба да продолжат и понатаму се додека не се зголеми колективниот имунитет.

– Ако продолжиме ова темпо на вакцинација, јас верувам дека некаде до средината на октомври, 15 октомври, уште повеќе ќе порасне колективниот имунитет и ќе стигнеме до милион граѓани, што е голем процент. Тоа е многу важно бидејќи почнува школската година. Сакаме есенскиот период, кога луѓето ќе бидат во затворени простории, да бидеме побезбедни. Затоа и акцнет ставаме на вакцинацијата, е не за влез во затворени простории, кажа Филипче.

Според одлуката од Владата  влезот во угостителските објекти и моловите останува забранет за оние кои немаат примено барем една доза на вакцина како и за сите ко го прележале вирусот пред повеќе од 45 дена.

Од 1 септември почнува да важи и забраната за влез во Македонија за невакцинирани патници без разлика од каде доаѓаат. Македонските државјани кои ќе сакаат да влезат во Македонија по 1 септември а не се вакцинирани ќе треба да направат ПЦР тест или пак ќе бидат пратени во задолжителна изолација.

Слични содржини