Почина Чарли Вотс, тапанарот на Ролинг Стоунс

од Nikola Popovski
396 прегледи

Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина на 80 -годишна возраст, потврди неговиот издавач.

Да потсетиме, тапанарот на популарната рок група Чарли Вотс, итно беше опериран на 5 август оваа година, па мораше да се повлече од турнеите во САД.

„Со голема тага објавуваме смрт на нашиот сакан Чарли Вотс“, се вели во соопштението, пренесува ББС.

„Почина мирно денеска во лондонската болница, опкружен со своето семејство“, се додава.

Според ББС, Вотс бил лекуван од рак на грлото во 2004 година.

Член е на Ролинг Стоунс од јануари 1963 година, кога им се придружи на Мик Џегер, Кит Ричардс и Брајан Џонс во нивната новоформирана група.

„Да не беше Чарли Вотс, немаше да има Ролинг Стоунс“, рече еднаш гитаристот Кит Ричардс за својот колега од групата.

Слични содржини