Се уште се држат во тајност имињата на дел од кандидатите за локалните избори

од Берта Китинска
196 прегледи

Дел од имињата на кандидатите за градоначалници на СДСМ  ќе останат непознати и по вчерашниот состанок на партискиот врв.

Досега од валдејачката СДСМ објавија 35 кандидати за градоначалници, меѓу кои:

Охрид – Константин Георгиевски;Штип – Сашко Николов,Бутел – Велимир Смилевски;Гази Баба – Борче Георгиевски,Кисела Вода – Филип ТемелковскиГрад Скопје потврдена кандидатурата на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште тактизира со битни општини. Потпретседателот Николовски најави дека името на кандидатот за градоначалник на Град Скопје ќе се знае идната недела, иако во јавноста подолго време се шпекулира името на претседателката на ССК, Данела Арсовска.

Партиите ќе имаат рок да ги одредат кандидатите за градоначланици и советници до 6 септември.

Во меѓувреме течат предизборните активности и на Државната изборна комисја. Во теке увид на Избирачкиот список и собирање на потписи за независни кандидатури до 30 август. До крајот на неделава ќе стигнат и првите 250 читачи за отпечаток на прст кои ќе бидат користени на денот на изборите.

Полициски службеници ќе го озбедуваат доверливиот материјал

Полициски службеници на овие избори првпат ќе го озбедуваат доверливиот материјал, меѓу којшто ќе бидат и апаратите за вчитување на отисоците од прсти на гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои Правилник за начинот на постапување на полицијата на изборите што е изготвен во соработка со МВР. На седницата е усвоено и упатство за гласање на болните и изнемоштените лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти.

-Новина на овие избори во овој Правилник е што се воведува задолжително обезбедување при транспортот на избирачкиот материјал од страна на полицијата од ОИК до Избирачките одбори и обратно. Се работи, пред се, за доверливиот материјал гласачките ливчиња и Избирачкиот список, но овој пат за првпат и со измените на законот и техничката опрема за гласање за идентификација на гласачите при гласање преку отпечаток од прст. Тоа значи дека целокупниот доверлив изборен материјал се регулира да биде задолжително обезбдувањето, чувањето и транспортот од страна на полицијата, објасни членот на ДИК Борис Кондарко.