Удрил во велосипедист со автомобил и избегал

од Берта Китинска
337 прегледи

На 24.08.2021 во 09.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисна улица што ги поврзува ул.„Самоилова“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.