Извршниот одбор на СДСМ вчера вечер одржа седница на која беа дефинирани уште неколку нови, дополнителни кандидати за градоначалници, информираат од партијата.
-Во текот на денешниот ден генералниот секретар и шеф на изборен штаб Љупчо Николовски, ќе ги соопшти утврдените кандидати. Сите кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ. Како што веќе најавивме , СДСМ во фази ја објавува победничка понуда со која излегува пред граѓаните како фаворит на локалните избори, сопштија од СДСМ.