Поранешен фудбалер на Арсенал не може да најде клуб: „Синот ме прашува – како тоа никој не те сака?“

од Nikola Popovski
440 прегледи

Поранешниот ас на Арсенал, Џек Вилшир моментално нема ангажман, а нема ни заинтересирани клубови да го доведат.

Во неодамнешното интервју за „Атлетик“, тој призна дека таквата ситуација влијае врз него, бидејќи има само 29 години, кога би можел (и треба) уште да игра фудбал на високо ниво.

Факт е дека начинот на живеење на Вилшир на теренот не одговараше на врвен играч, но тој сепак беше еден од најперспективните играчи на „топџиите“.

Кога се појави, Џек беше најмладиот дебитант на тој клуб во кој мина десет години до 2018. Дури и во Арсенал, работите не одеа секогаш без проблеми, па затоа беше на позајмица, го мачеа повреди, но по заминувањето од клубот, кариерата почна да му оди во надолна патека.

„Последната повреда ја имав во јануари минатата година. Многумина тогаш ме прашуваат како одиграв само 19 натпревари во Вест Хем за две и пол години. Им одговарив тоа што е факт: јас бев подготвен најчесто, но менаџерите не ме ставаа во тимот“, вели Вилшир, пренесуваат англиските медиуми.

Џек еднаш беше избран за најдобар играч на клубот во првата сениорска сезона. Тоа време изгледа како одамна.

„Секој ден станувам и си велам дека треба да тренирам и дека треба да најдам место за да го направам тоа. Станувам, некако наоѓам мотивација, но потоа се прашувам зошто го правам тоа. Му реков на менаџерот дека не сакам да бидам во ситуација во која сум и да чекам дали некој ќе ме донесе во јануари, бидејќи така ќе ми биде уништена уште една сезона“, вели Вилшир.

Покрај Арсенал, Болтон, Вест Хем и Борнмаут, тој настапуваше и за репрезентацијата на Англија.

„Ги задеваат моите деца на училиште поради тешката ситуација во мојата кариера и се подбиваат со нив дека никој не ме сака. Така мојот син ме прашува: „Зошто ниту еден клуб не те сака?“ Што можам да кажам на тоа?“, прашува Вилшир.

Слични содржини