Мегаломанството застана, Скопје се гради со усул, вели Заев

од Берта Китинска
366 прегледи

Ние ветивме дека Скопје ќе се гради, но се откажавме од мегаломанските проекти, кажа денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето во однос на урбанистичката политика на Градот Скопје.

-Се повлече законот за легализација на дивоградбите согласност укажувањата на јавсноста се прават промени. Донесен е нов закон за просторно и урбанистичко планирање кадешто буквално се сменети параметрите како што е паркингот во самата прцела и најмалку 20 проценти зелена површина.Скопје сега е навистина една поинаква приказна, затоа што мегаломанството застана во Скопје.Ние ветивме дека Скопје ќе се гради, но се откажавме од мегаломанските проекти. Скопје се гради со усул се гради и на периферијата, рече Заев.

Слични содржини