На 25.08.2021 во 11.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Р.Ш.(37) од Германија го пречекорила дозволениот туристички престој на странец во државата од 90 дена во период од 180 дена, информираа од МВР.
Таа била приведена во полициска станица за понатамошна постапка.