Богоев: Во партијата имаме разговарано за опцијата да бидам директор на Царина

од Берта Китинска
357 прегледи

Ова може да го потврди или негира Владата која го поставува директорот на Царина, одговори градоначалникот на Карпош,  Стефан Богоев, објаснувајќи дека засега само на партиско ниво во СДСМ е разговарано за опцијата да биде назначен за директор на Царинската управа кога ќе заврши неговиот мандат.

– Ова може да го потврди или негира Владата која го поставува директорот на Царина. Ние сме разговарале за партијата за таа можност. Директор на Царина назначува Владата и тоа е во ингеренција на централната власт. Јас како локална власт не би можел да прејудицирам одлуки на Владата. Можам да потврдам дека внатре во партијата сме разговарале за ваква опција, изјави Богоев.

Слични содржини