Премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на специјална церемонија денес ќе ја добијат Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година, соопштија вчера од прес -службата на владата.
Во образложението се наведува дека двајцата ќе добијат награда за историскиот договор што го постигнале, а кој како пример за дипломатски пристап „реши отворено прашање и даде значаен придонес за стабилноста на балканскиот регион“, велат од владата.
Свечената церемонија ќе се одржи во Минстер, а наградата ќе им биде врачена со година задоцнување од претседателот на Литванија, Егилс Левис, како претставник на трите балтички држави кои ја добија Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2019 година.
Претходно наградата „Евалд фон Клајст“ во 2019 во Германија им беше доделена на Заев и Ципрас за нивните заслуги за решавање на долгогодишниот спор за името.