Белата куќа ја отфрли секоја можност САД или нивните сојузници сега да ги признаат талибанските власти во Авганистан.
„Сакам да бидам многу јасен. САД или нивните меѓународни партнери не брзаат сега да ги признаат талибанските власти“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Американските власти се во редовен контакт со Талибанците додека САД се обидуваат да ги евакуираат луѓето од Авганистан до 31 август, кога е планирано целосно повлекување на американските сили.
Неименувани американски претставници претходно изјавија дека Талибанците побарале од САД да го задржат дипломатско присуство во Авганистан по 31 август, кога се планира повлекување на американските сили од таа земја. Според истите извори, Вашингтон се уште нема донесено одлука.
Фото: Xinhua