Пендаровски со честитка за Успение на Пресвета Богородица: Сплотени да продолжиме да делиме милост и разбирање

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Почитувани сограѓани од православна вероисповед, нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Посакувам, празникот да го минеме пред се во добро здравје, исполнети со љубов, радост и среќа, вели Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

„За жал како и минатата година и сега ќе мораме да празнуваме во изменети околности, почитувајќи ги сите правила и препораки за заштита од пандемијата на Ковид 19. Соочувајќи се со пикот на четвртиот бран да бидеме одговорни и дисциплинирани. Да им даруваме љубов на ближните, имајќи особена почит за родителите, а разбирање и прифаќање за децата.

Да не дозволиме ништо да ја разниша нашата вера и оптимизам и да ги сочуваме своите вредности и верувања без разлика на тешкотиите со кои се соочуваме.

Сплотени да продолжиме да делиме милост и разбирање, отворајќи ги срцата за сите.

Нека ни е честит празникот и за многу години“, истакнува Пендаровски.