– Реконструиравме дел од булеварите 8-ми септември и Партизанска и целосно ги реконструиравме улиците Лондонска, Љубљанска, Московска, Брадфордска, Никола Парапунов и Ацо Шопов. Започнавме со изградба на мост на Љубљанска кој ќе ја поврзе оваа улица со ул. Скупи, изградба на клучката кај Момин поток, а деновиве го распишуваме тендерот за изведба на клучката кај бул. Словенија , изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, од скопската населба Карпош, каде заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и новиот кандидат за градоначалник Душко Весковски се сретнаа со жителите на Лептокарија и Тафталиџе во оваа скопска општина.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Карпош подигнати се над 43.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 2,300 садници. Општина Карпош е побогата за два нови урбани скверови со повеќе зеленило и содржини за одмор и релаксација, еден кај објектот на Пожарната во Тафталиџе, а другиот во близина на гимназијата Орце Николов.
– И на овие локални избори СДСМ ќе излезе со чесна понуда која што ќе го содржи најдоброто за Карпош. Затоа како и досега и на овие избори СДСМ е убедлив фаворит далеку пред останатите политички конкуренти. Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот, посочи Шилегов.