Партиите калкулираат со последните имиња за градоначалници

од Берта Китинска
183 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ  објави уште 10 кандидати за градоначалници. Меѓу овие 10 имиња, најмногу паѓа во очи името на градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој беше еден од незадоволните членови на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа оставка од нивниот лидер, Христијан Мицкоски поради губењето на изборите.

Од опозицијата информираа дека на 4 или 5 септември ќе ги откријат имињата на останатите кандидати за Аеродром, Карпош и Битола….

Од владејачката партија велат дека тие на овие избори ја имаат најдобрата понуда.

-СДСМ е победник на претстојните локални избори, ја имаме најдобрата понуда за секоја општина.Сите анализи, анкети, резултати на истражувањата на јавното мислење покажуваат дека СДСМ со својата коалиција е фаворит на овие локални избори и тоа секој еден може да го види во тие истражувања.Апсолутно очекувам дека со најдобрата понуда која што ја имаме и во делот на кандидати, советнички листи и програмата, како и коалициониот потенцијал кој што го има коалицијата предводена од СДСМ, сето тоа укажува на победа на претстојните локални избори, кажа потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“.

На 11 септември е последниот рок за доставување имиња од политичките партии до ДИК, а вечерва на полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници за локалните избори, закажани за 17 октомври.

Слични содржини