Пет угостителски објекти добиле забрана за работа – инспекторите спречиле одржување на свадба

од Берта Китинска
366 прегледи

Од донесување на последните измени на мерките во врска со спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, па се до денес инспекторите затвориле пет угостителски објекти, велат за „Локално“ од Државниот пазарен инспекторат.

-Извршени се над 6000 контроли и над 250 инспекциски надзори.Во истиот период издадени се 5 решенија за затварање угостителски објекти, од кои 4 во Скопје и едно во Гостивар, за што се издадени прекршочни платни налози во вкупен износ од 4000 евра во денарска противвредност за одговорното лице, 6000 евра во денарска противвредност за правното лице и 500 евра во денарска противвредност за физички лица кои вршат угостителска дејност нерегистрирано.Со оглед на фактот дека Државниот пазарен инспекторат врши превентивни мерки ( согласно начелото на превентивност) за таа цел спречено е одржување на прослава (свадба), информираат од ДПИ.

Казните за непочитување на мерките се движат од  250 евра за физичките лица кои ќе бидат затекнати без сертификат за вакцинација, а до 30.000 евра за угостителскиот објект.

Слични содржини