Продолжува Стратешки форум во Блед: „За нас ЕУ нема алтернатива“

од Берта Китинска
161 прегледи

Во Блед денеска продолжува 16-от Сратешки форум кој годинава, под словенечко претседателство со Советот на ЕУ, е посветен на разговорите за иднината на ЕУ.

Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа – Проширувањето“.

„За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака да биде прифатен од некое семејство на кое отсекогаш му припаѓа, а Европа е нашето единствено семејство. Ние ќе продолжиме понатаму да ја оствариме нашата определба да станеме следна членка на ЕУ за која што нема алтернатива“, изјавил Заев,.

Тој потсети дека Северна Македонија веќе шеснаесет ипол години е земја кандидат и земја која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година веднаш после Словенија, а пред Хрватска.