Разговара и со министерто за правда како и со директорот на Државниот завод за статистика за време на пописот ќе се потрудиме да има максимална флексибилност тие граѓани што ќе одбијат невакцинирани попишувачи да бидат попишани од вакцинирани попишувачи, одговори премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.
-Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, односно кај тие граѓани да бидат испратени вакцинирани попишувачи. Голем дел од поишувачите се вакцинирани, а мал е бројот на граѓаните кои одбиваат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи. Имајќи предвид дека пописот е 25 дена може да ги собереме сите податоци за граѓаните, кажа Заев.