Ахмети утре ќе претстави 18 кандидати за градоначалници

од Берта Китинска
225 прегледи

На утрешното Централно претседателство на ДУИ, што ќе се одржи во Гостивар, ќе претстави 18 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, најави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

– Сите имиња се проверени на бројни анкети што се спроведувани неколку месеци и ја имаат огромната поддршка од сите граѓани во нивните општини. Затоа се кандидати, затоа што ќе бидат и победници и затоа што граѓаните се задоволни од нивната работа. Очекуваме сите тие да бидат победници, повеќето во првиот круг, а многу малку во вториот круг, рече Груби.