Наоми Осака неочекувано загуби од Канаѓанката Лејла Фернандез со 5:7, 7:6, 6:4 и остана без осминафиналето на УС Опен.
Актуелната шампионка имаше 1: 0 во сетови и 6:5 во вториот, при нејзин сервис, но го загуби.
Во третиот сет, Канаѓанката направи брејк веднаш во првиот гем и го задржа до крајот.
По натпреварот, Осака рече дека се повлекува од тенисот до дополнително известување.
„Кога победувам, не сум среќна, само се чувствувам олеснето. Кога губам, јас сум многу тажна и мислам дека тоа не е нормално. Јас сум во момент во мојот живот каде треба да сфатам што сакам да правам. Искрено, не знам кога ќе играм повторно тенис. Мислам дека ќе направам пауза некое време“, рече Осака.