Раководството на политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) ги разгледува предлозите за кандидатите за градоначалници и листите за општинските совети за престојните локални избори.
Во присуство на речиси сите државни функционери, се дискутираат и внатре партиските состојби.
Состанокот на Генералниот совет на партијата, што се одржува во ресторанот Албис во Гостивар, го води претседателот Али Ахмети. Според најавите, раководството треба да ги официјализира сите предлози кои ограноците ги доставија деновиве.