Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека на состанокот на потесното партиско раководство со кој раководел лидерот Али Ахмети, едногласно е избрана листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври.
Во одговорт на новинарско прашање каде очекуваат да победат во првиот круг, Османи нагласи дека ДУИ ќе извојува најубедлива победа досега.
– Нормално е на вакви прашања партиите да кажат ќе победиме уште во првиот круг. Меѓутоа, овој пат, навистина кажувам објективно и врз основа на сите параметри. Не мора да ги земеме само анкетите на ДУИ. И на другите партии направете проверка за анкетите на овие избори и ќе видите дека ДУИ ќе ја освои најголемата победа откога учествува на политичката сцена, рече Османи.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денеска имаше состанок со Генералниот совет на партијата во Гостивар на која се зборуваше за актуелните политички случувања во земјата и регионот, за животната средина, редовното одржување на патната инфраструктура, регулирана водоводна и канализациска мрежа, модерна спортско-рекреативна инфраструктура, добро реновирани, одржувани и нови училишта.
По предлог на претседателот на ДУИ Али Ахмети, членовите на Генералниот совет едногласно ја избра листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври: Ејуп Абази – Студеничане, Суат Шаќири – Чашка, Хекуран Дука – Дебар, Еркан Арифи – Липково, Неби Реџепи – Врапчиште, Рамиз Мерко – Струга, Фатмир Изаири – Желино, Бесник Емшиу – Боговиње, Нухи Незири – Теарце, Али Јаоски – Пласница, Аркин Јахии – Брвеница, Блерим Беџети – Сарај, Висар Ганиу – Чаир, Фатмир Дехари – Кичево, Невзат Бејта – Гостивар, Теута Арифи – Тетово и Рзидван Ибрахими – Арачиново. Кандидатот за општина Долнени ќе го одреди наредните денови Али Ахмети. Носител на листата на советници за Град Скопје ќе биде Ардијан Муча, соопшти ДУИ.