Верувајте во зеленото! им рекол Ахмети на своите сопартијци

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Верувајте во зеленото! Ова им го реков и на моите сопартијци на вчерашната средба, а Вас, денес ви велам: да го оствариме заеднички зелениот сон. Изборната кампања треба да покаже како кандидатите ќе ја развијат уште повеќе нивната општина, но и повеќе од тоа, како ќе ги вклучат граѓаните повеќе и како ќе го слушат секојдневно нивниот глас, вели во својот допис до медиумите Али Ахмети, претседател на ДУИ.

„Ние во ДУИ сме се потрудиле да останеме доследна партија на даден збор и на остварено дело. Затоа, се договоривме сите кандидати да се придржуваме на зелената агенда за да го подобриме квалитетот на живеењето.

Зеленото подразбира чисти општини, без отпадоци по улиците и населбите. Зеленото значи чиста вода за пиење во сите општини. Зеленото значи чист воздух за нас и за нашите деца. Зеленото, драги пријатели, е живот. Но истовремено подразбира и модерна патна инфраструктура, чиста и евтина енергија за сите граѓани создавајќи одржливи работни места за поттик на нашата економија.

Како резултат на нашата нова агенда, им порачав на нашите кандидати за градоначалници на општините во наредните четири години дека нивна обврска е да ги направат нашите општини уште подобри, позелени за живеење во нив.

Токму тоа е зелената агенда. Тоа е живот, поквалитетен живот за сите граѓани.

Вака сакаме да се владеат нашите општини и дозволете ми да ја претставам нашата зелена гаранција за нашите општини со која ние ги задолжуваме и обврзуваме градоначалниците.

Првата е зелената агенда. Ова подразбира ефективно менаџирање со отпадот, заокружување на канализационата мрежа и чиста вода за пиење, гасификација, велосипетски и пешачки патеки, паркинзи, непречен собраќај, повеќе зеленило, повеќе паркови.

Втората е дигиталната агенда. Електронската администрација е клучот за ефикасна јавна услуга, но и транспарентна давајќи целосно дигитални услуги. Е – општина подразбира и дигитализација на училиштата, брз и квалитетен интернет во сите населени места но и соодветна исфрастуктура за тоа.

Третата е агендата на отворена врата. Градоначалниците се во служба на граѓаните и нашите општини им припаѓаат на граѓаните. Не смее да има затворена врата за маката на граѓанинот. Сите граѓани ќе имаат целосен пристап до општините бидејќи општината е нивна.

Четвртата е: Агендата на вклучување на граѓаните. Секојдневната политика подразбира чести и важни одлуги кои влијаат во секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина. Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето подразира дека големите одлуки нема да се носат од тесниот раководен круг на општината, но од Вас, граѓаните. Сите градоначалници на нашите општини се обврзуваат да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на граѓаните.

И петатта е: агенда нула. Да бидеш избран значи да ја придобиеш довербата на граѓаните. Нашите граданочанлици на општините ќе ја обезбедат и оддржат оваа доверба по секоја цена. Затоа, новитет на овие избори е политиката НУЛА, што подразбира нула отпад, нула злоупотреба, нула лошо менаџирање, нула корупција, нула кучиња скитници, нула недостаток на паркинг, нула градби без дозволи, нула негрижа за граѓаните.

Овие пет завети не се само едно изборно ветување на нашите кандидати за градоначалници, но се нов задолжителен код на нашето однесување. Квалитетен живот за сите граѓани. За ова ќе ги држиме за збор сите градоначалници.

Нашите правци секогаш сме ги избирале заедно.

Денес го избираме зеленото, го избираме животот, затоа што ова е најдоброто за нас и за идните генерации“, порача Ахмети.

Слични содржини