Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список

од Берта Китинска
140 прегледи

Граѓаните до четврток на полноќ ќе можат да ги проверат своите податоци за Избирачкиот список, а до сабота на полноќ (11 септември) се поднесуваат кандидатурите за учество на локалните избори закажани за 17 октомври.

Учесниците на изборите ги објавуваат и последните кандидати што ќе ги претставуваат, а веќе подолго време се одвива неофицијална кампања со средби со граѓани и на социјалните мрежи.

Во Избирачкиот список до саботата се провериле вкупно 12128 лица, соопшти Државната изборна комисија. Дотогаш се поднесени се вкупно 47 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците во избирачкиот список. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 42 барања.