СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ и понатаму дејствува како подружница на приватна фирма на Груевски

од Берта Китинска
237 прегледи

ВМРО- ДПМНЕ и понатаму дејствува како подружница на приватна фирма на Груевски од Будимпешта и изгледа дека нема намера да го тргне тој тежок товар од себе и да се реформира во партија која работи за граѓаните, вели Стефан Васев од СДСМ.

-Сите овие години како опозиционер, Мицкоски ги помина единствено во борба да ги заштити криминалните остатоци од автократското владеење на Груевски и во ниту еден момент не покажа дека излегол од сенката на неговиот претходник.

Така е и во ова предизборие, кога машината за штанцање лажни вести е пуштена на најсилно за да го покрие отсуството на реална политичка визија и понуда.

Се надеваме дека поразот кој им следи на локалните избори, ќе ги освести членовите на ВМРО-ДПМНЕ дека им е потребно водство кое знае и има волја да исчекори од блатото во кое ги заглави Груевски, а од кое Мицкоски нема намера да ги извлече.Тоа ќе биде добро и за нив, но и за сите граѓани, кои постојано трпат штета од опструкциите и блокадите на опозицијата, вели Васев.