Вечерва Христијан Мицкоски самиот си потврди дека нема понуда за Град Скопје па затоа мора да се затскрива зад наводна независна кандидатка, соопштија од владеачката СДСМ.
Според нив и самиот Мицкоски е свесен дека го чека пораз на претстојните локални избори како во Скопје така и низ најголемиот број на општини.
-Мицкоски може да блефира колку сака, факт е дека на неколку дена пред крајниот рок, има проблем да најде кандидати за градоначалници кои ќе се нафатат да го понесат извесниот пораз. Тоа е така затоа што граѓаните знаат дека во понудата на Мицкоски покрај деструкции и лажни вести има стари истрошени кадри луѓе на Груевски кои биле дел од режимот, стои во соопштението од „Бихаќка“.