Стејт Департментот ѝ се заблагодари на С. Македонија за евакуацијата на Авганистанците

од Nikola Popovski
346 прегледи

САД мобилизираа невиден, глобален напор преку нашите дипломатски канали да ги евакуираат американските граѓани, персоналот од земјите партнери и Авганистанците од Кабул, кои беа во ризик. Севкупно, Америка и нашите партнери евакуираа повеќе од 124.000 луѓе на безбедно, вклучувајќи 6.000 американски државјани, велат од Стејт Департментот преку соопштение.

-Со поддршка од партнерите и сојузниците, САД создадоа глобална мрежа – составена од повеќе од дваесетина земји што опфаќаат четири континенти – со вкупен привремен транзитен капацитет од 65.000 луѓе привремен транзитен престој, вклучително и за 2 000 лица за кои е потребна подолга обработка на податоците, додаваат од таму.

Американците појаснуваат дека се благодарни на глобалната мрежа на земји што дадоа критична помош за нашите напори за евакуација.

-Партнерите и сојузниците – вклучувајќи ги Бахреин, Данска, Финска, Франција, Германија, Грузија, Унгарија, Италија, Косово, Кувајт, Холандија, Норвешка, Пакистан, Катар, Шпанија, Швајцарија, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство, помогнаа во транзитот на Американците и другите на безбедно.

Други земји несебично се понудија да помогнат на различни начини во врска со напорите за евакуирање на Авганистанците кои беа изложени на ризик. Во овие земји спаѓаат Албанија, Бахреин, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Еквадор, Гвајана, Индија, Кувајт, Мексико, Холандија, Северна Македонија, Полска, Португалија, Катар, Руанда, Сингапур, Уганда и Обединетите Арапски Емирати, велат од Стејт департментот.

 

Слични содржини