Референдумот за независност се одржа на 8 септември 1991 година и резултираше со прогласување на независност на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, пишува во својата објава на Фејсбук по повод 30 години независност, премиерот Зорн Заев.
-Прашањето на референдумот гласеше: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија?“.
Резултатите сами по себе говорат за успешноста на референдумот. На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 %, а од вкупниот број граѓани кои гласале на референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани, односно 95,26 % (72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас), пишува Заев.