ЕМА: Невролошко пореметување можна нуспојава од „АстраЗенека“

од Vladimir Zorba
456 прегледи

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека невролошкото пореметување „Гилен-Баре синдром“ (ГБС) може да се појави како несакан ефект на вакцината против коронавирус на АстраЗенека.

ЕМА исто така објави дека се можни некои други, помалку сериозни, несакани ефекти од вакцините Џонсон и Џонсон, Модерна и АстраЗенека, пренесе Ројтерс, без да прецизира за кои несакани ефекти станува збор.

Европската агенција за лекови вели дека причинско-последичната врска помеѓу ГБС и вакцината АстраЗенека, позната како Ваксзеврија, е „барем разумна можност“, откако беа пријавени 833 случаи на ГБС од 592 милиони дози на вакцината ширум светот до 31 јули.

ЕМА го класифицираше несаканиот ефект како „многу редок“ и нагласи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.

Американската администрација за храна и лекови додаде предупредување за GBS како можен несакан ефект на вакцината Џонсон и Џонсон.

И двете вакцини ја користат технологијата на вирусни вектори, а исто така се поврзани со појава на ретки згрутчувања на крвта.

Слични содржини