Тетовското обвинителство врши увид во модуларната ковид болница каде изби пожар

од Берта Китинска
258 прегледи

Од ОЈО информираат дека се врши увид на лице место на настанот во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар

– Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува.

Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, соопштија од ОЈО.