Претседателот на државата, Стево Пендаровски попладнево пристигна пред модуларната болница во Тетово каде вчера во ужасниот пожар животот го загубија 14 луѓе.
Во изјава за медиумите тој нагласи дека не станува за намерно подметнат пожар, како што се шпекулирало во јавноста .
-Во телефонскиот разговор со словенечкиот претседател Борут Пахор ме праша дали има сомнение дека пожарот е намрно подметнат за денот на независноста, но до овој момент како што сум информиран нема индиции дека ова е направено намерно, рече Пендаровски.