Оставките од морален аспект не значат и објективна вина за настаните

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Со чинот на оставките на министерот за Здравство Венко Филипче на неговиот заменик Илир Хасани како и директорите на клиничката болница во Тетово Фљорим Бесими и Артан Етеми покажаа висока морална одговорност иако тоа можеа да го сторат и по завршувањето на истрагата. Но како што велат сите во своите изјави, трагедијата што однесе десетина животи е поважна од нивните функции, а над се е нивниот личен интергритет, иако се уверени дека истрагата ќе покаже дека нема никаква нивна инволвираност во сплетот на околности кои доведоа до несреќата.

И ова не е прв пат СДСМ да биде пример за одговорност кога станува збор за несреќи во кои имало и човечки жртви. Своевремено министрите на оваа партија Антони Пешев и Љубомир Фрчковски ги понудија своите оставки како висок морален чин иако нема никаква врска со трагичните настани кои се случија во тоа време, како што беа двете авионски несреќи и атентатот врз претседателот Глигоров. За разлика од нив единствено Миле Јанкиевски го стори тоа во времето на Никола Груевски кој пак не му ја прифати оставката, иако за жал и во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше серија на несреќи во кои имаше и човечки жртви а беа резултат на институционална негрижа од пропаднат систем.

Со тоа тројца министри од редовите на СДСМ во три децениската историја на самостојна и независна Република Македонија почувствувале лична одговорност и поднеле оставки, по трагични настани, што се случиле во нивните ресори, а ако се додаде и оваа на заменик министерот Хасани од редовите на ДУИ како коалициски партнер на СДСМ, таа бројка е четири за разлика од единствениот Миле Јанакиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Jавноста сепак треба да сфати дека оставките од морален аспект не значат објективна вина за настаните за кои се води серозна истрага помогната од странски експерти во областа на форензиката која треба да ги најде вистинските елементи за кривична одговорност доколку таква постои како и лицата кои постапувале или не постапувале по протоколите предвидени во овој случај.